10 совети на баба Ванѓа за долг живот! Четвртиот е од особено значење

Доколку сакате да имате долг и здрав живот, овие совети од баба Ванѓа би можеле да ви бидат корисни.

Вангелија Димитрова, попозната како Баба Ванѓа , стана позната по многуте пророштва.

Таа почина во 1996 година на 86-годишна возраст, а до самиот крај се придржуваше на одредени навики за кои сметаше дека се исклучително важни за добро здравје.

Ова беа нејзините совети за долг живот:

Не прејадувајте – ова доведува до сериозни болести кои ги зафаќаат сите органи.

Не пуши цигари.

Одете боси во текот на летните месеци. На овој начин ќе ја зацврстите врската со „мајката природа“.

Сакајте се и правете добро.

Научете да се одморите правилно. Денот е за работа, а ноќта е за спиење .

Важноста на здрав сон беше нешто што таа особено го нагласи:

Легнете си најдоцна до 22 часот, а станувајте во 5-6 наутро.

Еднаш неделно јадете пченица натопена во вода. Со тоа го прочистувате телото.

Јадете ‘ржан леб за одржување на здравјето.

Повеќе активност и повеќе работа. Мрзеливоста е болест која ги уништува и телото и душата.

Не се капете во премногу топла вода.