1001 роза стигнаа во вилата во Дедиње! На неа Сунѓерот Боб, а зад неа поле со најромантичните цвеќиња: Карлеуша шокираше со новите фотографии (фото)
Јелена Карлеуша важи за најдобро облечена пејачка на балканската јавна сцена, но и во светот.
Таа може да облече секаква модна комбинација, а е една од најхрабрите кога гардеробата е во прашање.
Сè и’ одговара, па дури и кога има некој килограм вишок, може да носи што сака.
Сепак, сега Јелена успеа да ја доведе линијата до совршенство а сето тоа е поради албумите кои ги објави во претходните две недели.
А својата витка линија реши да ја покаже во необично издание.
Јелена носеше жолто долго здолниште со високо деколте, а горе носеше облека која ги покриваше само нејзините гради, а на неа го имаше ликот на Сунѓерот Боб.
Зад пејачката имаше и бели рози, поточно 1001 бела роза, а таа не можеше да одолее.
– Што мислите, од кого ги добив овие најубави бели рози по повод објавувањето на албумот? – праша ЈК.
Нејзините следбеници беа креативни.
„Од Роман Абрамовиќ“, „Мора да се од Канје Вест“, се мнозинството коментари.