14 години чувал сексуална робинка во зандана! Русин силувал девојка повеќе од 1.000 пати: Мајката му му помагала околу тоа (видео)
Владимир Ческидов (51), е обвинет од Екатерина Б (целосниот идентитет не се открива) дека ја киднапирал кога имала 19 години и ја држел заробена во еден вид зандана во регионот Чељабинск, каде што живеел со својата мајка. Сега ќе му се суди во Русија.
Екатерина тврди дека ја силувал повеќе од 1.000 пати пред да успее да побегне на 33-годишна возраст по 14 години заробеништво. Неговата мајка Валентина Ческидова беше обвинета за помагање во извршувањето на кривичното дело.
Полицијата го истражува Ческидов и за убиство на друга жена во 2011. Сецканите и скапани останки на Оксана, која имала 30 години, биле пронајдени во подрумот на неговиот имот, пишува Дејли мејл.
Ческидов денеска се појави на суд и беше прогласен за способен да му се суди, иако претходно одредено време помина во психијатриска болница.
Го сретнала на железничката станица
Екатерина тврди дека 51-годишниот ѝ се заканил со нож и ја принудил да му помогне да ја распарчи Оксана за да се ослободи од нејзиното тело. Рекла дека успеала да побегне кога Ческидов толку се опил што повеќе не бил свесен и кога мајка му повикала брза помош. Бидејќи не ја заклучил „занданата“, Екатерина побегнала во селото и ја нашла својата сестра Елена Ф, која ја барала 14 години.
– Таа ми кажа сè. Таа рече дека кога првпат ја киднапирал, таму имало уште една девојка. Ја претставил како сопруга. Но, тогаш дошло до расправија и тој ја прободел во главата. Потоа ја распарчи на парчиња. Посмртните останки, рацете и нозете, ги стави во буре и го закопа – рече Елена.
Екатерина го сретнала обвинетиот на железничката станица. Тој ја почестил пијалок, а потоа ја поканил дома. Дома ја врзал и и’ ја залепил устата со селотејп. Потоа ја натерал да готви за него, да чисти и да се грижи за неговата мајка.