14-годишно дете отвори оган во трговски центар во Тајланд, тројца загинати

 – Четиринаесетгодишно дете во тајландскиот главен град Бангкок пукало од огнено оружје во трговскиот центар „Сијам парагон“. Во нападот загинале 3 лица, а повредени се 4.

Според веста што ја објави „Бангкок пост“, 14-годишното дете во 16:40 часот по локално време од огнено оружје 10 пати пукало во трговскиот центар во Бангкок.

Во нападот животот го загубиле 3 лица, а 4 се повредени. Полицијата го фатила напаѓачот во 17:10 часот по локално време.

На снимките објавени на социјалните мрежи се забележува како момчето со оружје влегува во трговскиот центар.