Во рамки на истрагата за пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, досега се уапсени 15 лица, јавија денеска турските медиуми.
Во пожарот што избувна во тој хотел ноќта на 21 јануари загинаа 78 лица .
„Петмина осомничени, меѓу кои Седат Ѓулер, заменик-градоначалник на општина Болу, и Кенан Чоскун, заменик директор на противпожарната служба, се појавија на суд. Бројот на осомничените приведени се искачи на 15 со последните апсења во истрагата за пожарот во Гранд Хотел Картал’ во ски-центарот Болу Карталкаја“, објави денеска турски „Сабах“.
Пожар зафатил зграда во турскиот ски-центар Карталкаја во Болу во вторникот вечерта.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сите одговорни за пожарот ќе бидат казнети.