15 ЛИЦА УБИЕНИ ВО МАСАКАРОТ ВО ПРАГА – Полицијата официјално ги откри деталите: “Од изутрина го баравме, кажа дека сака да се самоубие…“

Првиот човек на чешката полиција на прес-конференција соопшти дека во престрелка на Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Чарлс“ во строгиот центар на Прага животот го загубиле 15 лица.

На прес-конференцијата зборуваше полицискиот директор Мартин Вондрашек.

Тој соопшти дека полицијата од утрото трагала по 24-годишен маж, кој наводно планирал да замине во градот Хостоун кај Кладно, велејќи дека сакал да си го одземе животот.

Во 12:45 часот добивме дојава дека е пронајден мртов маж. Набрзо дознавме дека тој е татко на осомничениот за пукањето на Филозофскиот Факултет. Дознавме дека е студент на тој Универзитет. Тој студирал филозофија, а денес во 14 часот требал да присуствува на предавање во зградата на улица ‘Челетна‘. Ја евакуиравме зградата и почнавме понатамошна операција за пребарување. Во 14 часот и 29 минути се пристигнати првите пријави за пукање на плоштадот. Итната помош за 12 минути излегла на терен, а во 15:20 пристигнала информација дека телото на напаѓачот се наоѓа на тротоарот пред зградата. Во оваа трагедија животот го загубија повеќе од 15 лица, а повредени се најмалку 24 лица“, изјави директорот на полицијата.

Тој исто така додал дека поради сериозните повреди со кои се здобил осомничениот, полицијата засега не може да го потврди неговиот идентитет.

Според достапните информации се работи за самоубиство, но полицијата употребила и службено оружје“, изјави Мартин Вондрашек.

Во текот на попладневните часови, полицијата добила голем број пријави за можни други престрелки.

Немаме информации за други престрелки и нема индиции дека осомничениот имал соучесник. Имаме информации дека сторителот можел да биде инспириран од терористички напад во Русија во есента оваа година“, додава Мартин Вондрашек.

Нема индикации дека постои натамошна опасност. Според досегашните информации се работи за предумисла“, заклучува Мартин Вондрашек.