16 години слепо верувал дека сопругата родила 4 ќерки: За секунда му се сруши цел свет, никој не верува како успеала вака да го измами (фото)
Семејната драма ескалира на почетокот на 2022 година. Потоа Чен ја следел сопругата и ја нашол со друг маж во хотелот.
Замислете да откриете после 16 години брак дека ниту едно од вашите четири деца не се ваши биолошки деца. Токму тоа му се случило на Чен Жиксиан, маж од кинеската провинција Џиангкси. Неговата семејна трагедија стана вирална на кинеските мрежи, но и ширум светот и ја шокираше јавноста.
ДНК тестот ја откри страшната вистина
Пред две години, Чен присуствуваше на сослушувањето за развод, каде што тој и неговиот адвокат презентираа шокантни докази – најмладата ќерка, родена во болница надвор од нивниот град, всушност не беше негова. Имено, според лекарскиот извештај, на породувањето присуствувал маж по име Ву, за кој Чен се сомневал дека е љубовник на неговата сопруга Ју.
Сомнежот брзо се проширил и кај другите деца. Тестовите покажаа дека дури и другите три ќерки, родени во 2008, 2010 и 2018 година, немаат биолошка врска со Чен.
Сè започна една ноќ во хотел
Семејната драма ескалира на почетокот на 2022 година. Потоа Чен ја следел сопругата и ја нашол со друг маж во хотелот. Тој настан покрена сомнеж – најмладата ќерка не личеше на него. Наскоро ДНК тестот го потврди она од што најмногу се плашеше.
Следните тестови на преостанатите три ќерки донесоа уште полоша вистина – ниту една од нив не беше негова
“Децата со години го нарекуваат тато. Тоа што ги однел на ДНК тест е кукавичлук! Не го изневерив!”, се бранела Ју во изјава за медиумите, пренесува Флохмакс.
Бара правда – и пари
Во тужбата, Чен бараше поранешната сопруга Ју да го преземе целосно старателството над децата и да му плати отштета за сите години што ги издржувал како свои деца.
“Јас ја барам само вистината. Кои се татковците на тие деца? Зошто го криеше тоа? Ју бега и одбива да зборува”, изјавил Чен очајно.
Кинеските мрежи ,,пламнаа” од коментари
Приказната експлодира на кинеската мрежа Веибо, каде илјадници корисници изразија шок, сочувство за Чен, но и гнев кон жената која, како што тврди, со години го изневерувала и лажела.
Останува прашањето: како е можно некој да живее во таква измама со години – и само ДНК тестовите да ја отворат Пандорината кутија со семејните тајни?