2 пиштола, 120 куршуми, 1000 евра… Шпанската полиција уапси државјанин на Србија во близина на Барселона: Во неговиот автомобил имало сè (ФОТО)

Специјалната полиција во Бадалона во петокот уапси државјанин на Србија, кај кого се пронајдени два пиштоли и 120 куршуми. Исто така, при претресот му биле одземени три мобилни телефони и 1.000 евра во кеш.

Апсењето се случило во населбата Ла Мора завчера околу 21 часот.

На контролен пункт кај Барселона, полицијата запрела возило со шпански регистарски таблички управувано од српски државјанин, кој веднаш бил уапсен.

Градоначалникот на Бадалона, Ксавиер Гарсија Албиол, и’ честиташе на полицијата за ова апсење и посочи дека „ова е начинот на кој Бадалона ќе продолжи да се бори против криминалот за да стане побезбеден град во кој жителите ќе имаат мир“.