окрај затемнувањето на Месечината во Риби (7 септември), очекуваме и затемнување на Сонцето во Девица на 21 септември, кое ќе има силен ефект врз сите знаци, но посилно врз Девиците, Рибите, Стрелците, Близнаците и Рибите.
Затемнувањето на сонцето во Девица на 21 септември носи силна енергија на прочистување и нови почетоци.
Девица е знак на ред, здравје, секојдневни навики и служење, па затоа ова затемнување може да се почувствува преку потребата да ги реорганизираме нашите животи, да го отфрлиме она што повеќе не ни служи и да усвоиме поздрави обрасци на однесување.
Ќе го чувствуваме влијанието на затемнувањето на Сонцето, исто како и затемнувањето на Месечината , со месеци, во зависност од позицијата на куќите во нашата натална карта.
Големи промени
Во овој период, многумина ќе препознаат што ги оптоварува и ќе преземат конкретни чекори кон промена, без разлика дали станува збор за телото, умот, работата или врските.
Бидејќи затемнувањето секогаш означува крај на една фаза и отворање на вратата кон следната, 21 септември носи можност да се ослободиме од старите навики што ја блокираат нашата енергија. Може да има и чувство на несигурност бидејќи Девицата бара совршенство, но преку затемнувањето ќе сфатиме дека е доволно да се прават мали чекори.
Здравствените теми стануваат клучни
Овој период особено ги нагласува прашањата за здравјето, рутината и начинот на кој го користиме нашето време. Ако сме го занемариле балансот помеѓу обврските и личниот мир, сега е можност да го свртиме тоа во вистинската насока.
Астролошки гледано, затемнувањето на сонцето во Девица често прави простор за нови проекти кои бараат дисциплина и трпение. Добро е тогаш да поставиме јасни намери, да направиме план и да се ослободиме од непотребните грижи кои ни ја исцрпуваат силата. Енергијата на Девица бара фокус на деталите, но и верба дека преку мали, но конзистентни промени се гради трајна стабилност.
Еве како затемнувањето на сонцето во Девица на 21 септември ќе влијае на Рибите, Девицата, Близнаците и Стрелецот.
Близнаци
Промените во вашиот дом и семејство стануваат клучни. Можно е да се преселите, реновирате или решите семејни проблеми.
Девица
Затемнувањето во вашиот знак носи лични пресврти. Чувствувате потреба за нов почеток, зголемување на самодовербата и лична промена.
Стрелец
Кариерата и амбициите добиваат нова димензија. Можете да направите важен пресврт во деловна смисла.
Риба
Партнерските односи се во фокусот. Можни се нови почетоци во партнерствата, но и крај на врските кои немаат стабилна основа.