24. јуни е датум кој Шакира ќе сака што побрзо да го заборави – Жерар Пике откри големи планови со 12 години помладата љубовница Клара Чиа Марти

Пензионираниот фудбалер Жерар Пике (36 г.) и неговата девојка Клара Чиа Марти (24 г.) би требало да се венчаат веќе овој месец.

Оваа вест за поранешниот партнер на Шакира доаѓа откако продолжува да се шпекулира дека латино-дивата е во афера со Формула 1 возачот Луис Хамилтон  Жерар Пике и Клара Чиа Марти јавно ја објавија својата врска минатата година по завршувањето на врската помеѓу фудбалерот и пејачката.

Жерар Пике и Клара Чиа Марти ќе се венчаат. Поранешниот фудбалер и неговата девојка ја донесоа таа многу важна одлука. Тие го испланираа и идеалниот момент за јавно објавување на оваа радосна вест. Веста за свршувачката ќе биде објавена на важен датум за Пике, денот на венчавката на неговиот брат Марко, кој на 24. јуни ќе се ожени со својата сакана од детството Марија“, изјавил неименуван извор за шпанските медиуми.

слика
Жерар Пике и Клара Чиа Марти

Да потсетиме Шакира и Жерар Пике беа заедно 12 години, а раскинаа откако тој ја изневери со 12 години помладата девојка Карла Чиа Марти. Колумбиската пејачка и поранешениот фудбалер за време на нивната врска имаа две деца, синовите Милан и Саша.

На почетокот на овој месец Шакира емотивно проговори за нејзината врска по болното раскинување со шпанскиот поранешен фудбалер.

Не е толку важно дали некој е верен или не; она што навистина е важно е дали си верна на себе“, рекла таа говорејќи на првиот Гала концерт на жени во латино музика.

Кога најмногу се губев, музиката ме врати на патот кон себе. Во животот на секоја жена доаѓа момент кога таа повеќе не зависи од некој да ја сака или да ја прифати таква каква што е“, изјави тогаш пејачката.