27 родители ќе ги тужат родителите на момчето-убиец: Бараат отштета за претрпена душевна болка – Блокиран имотот на мајката на Коста

Вишиот суд во Белград донесе нова одлука со која определи привремена мерка со која се забранува продажба или ставање под хипотека на голем број недвижности во Ниш, Параќин и Белград, за кои е утврдено дека се сопственост или косопственост на мајката на тринаесетгодишно момче кое на 3 мај во основно училиште „Владислав Рибникар“ уби девет врсници и училишен чувар во Врачар!

Како што пишуваат српските медиуми, освен првата мерка која се однесуваше на стан и гаража во нејзина сопственост, како и два стана во кои е косопственик во Белград, откриено е дека мајката на момчето поседува половина од станбениот зграда во Ниш, половина од помошниот објект во Параќин но и сопственик на половина од вкупно 20 градежни и земјоделски парцели во Параќин и Ниш!

– Судот определи привремена мерка за обезбедување на идното парично побарување, по предлог на 27 најблиски членови на семејството на загинатите во основното училиште „Владислав Рибникар“. Тоа не значи дека некој го конфискувал и трајно го одзел имотот на мајката, туку дека и’ е изречена забрана да го продава или да го стави под хипотека, за доколку на најблиските членови на семејството им се досуди паричен надоместок за претрпената душевна болка и страдање во граѓанската постапка, судот би ги наплатил тие суми – објаснува соговорникот.

Што се случува со другите вредни предмети во сопственост на мајката на момчето убиец, зошто таткото побарал посета на нотар додека е во притвор и зошто ова е уникатен случај, прочитајте на следниов линк:

Мајката организирала бегство во Охрид, па била вратена назад: Ова се сите потези на родителите на момчето-убиец кои ја налутија јавноста! (Фото)