3 видови храна што ги затнува артериите и го зголемува холестеролот: Заменете ја со овие алтернативи (фото)
Иако одредени видови храна можат да помогнат во одржувањето на артериите отворени, има и такви кои значително придонесуваат за нивното затнување.
Грижата за срцето започнува со изборот на храна. Судејќи според водечките светски истражувања објавени во „British Heart Foundation“, премногу заситени масти може да го зголеми количеството на холестерол во крвта, што може да го зголеми ризикот од развој на коронарна срцева болест, нагласува д-р Светислав Малишиќ, кардиолог.
Ова значи дека следните три намирници, доколку ги јадеме премногу често, може да ги затнат нашите артерии и да го нарушат кардиоваскуларното здравје.
Сланина
Богата со заситени масти, сланината може да го подигне нивото на ЛДЛ, лошиот холестерол , кој создава наслаги на артериите.
Путер
Путерот содржи и заситени масти, кои го зголемуваат холестеролот, одговорен за затнувањето на артериите, секако доколку претерате.
Полномасно сирење
Покрај заситените масти, полномасното сирење е богато и со натриум, што предизвикува зголемување на крвниот притисок и холестеролот ќ, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања.
Здрави алтернативи
За да имате здраво срце, обидете се да го ограничите внесувањето на овие намирници и да воведете замени за нив како авокадо, маслиново масло и јаткасти плодови, велат кардиолозите.