Повеќето од нас бараат диета за брзо слабеење пред празнична пригода. Диетата со сливи брзо ги намалува килограмите, а не го исцрпува телото.
Оние кои се дисциплинирани се откажуваат од нешто само за да си го стопат стомакот и да си ги намалат колковите за кратко време, а здравјето ја плаќа сметката за тоа. Американското здружение на нутриционисти предупредува дека не треба да се шегува со рестриктивни диети. Тие предлагаат диета со сливи кои ќе го забрзаат метаболизмот, а нема да го ослабнат имунитетот.
Сливите се исклучително богати со диетални влакна, тие се препорачуваат како главна состојка во многу брзи диети бидејќи можат да ве „ослободат“ од два до три килограми за краток временски период.
Освен растителни влакна, ова овошје содржи и антиоксиданси, бета-каротен, витамин Е и Ц, како и минерали, бакар и калиум.

Диетата со сливи препорачува шест сливи по порција, кои ви обезбедуваат околу 15 грама шеќери – фруктоза и гликоза и околу 25 грама јаглехидрати.
Плодот од слива е исклучително богат со состојки кои ќе го зајакнат вашиот имунитет. Интересно е што четвртина чаша сливи обезбедува околу 20 проценти од дневните потреби за витамин А и 15 проценти за диететски влакна.
Пример мени:
Појадок: шест сливи
Ужина: едно свежо јаболко
Ручек: хот-дог и варено јајце
Ужина: повторен ручек
Вечера: чаша нискокалоричен јогурт