За градење сексуална самодоверба потребно е искуство.
Во зајакнувањето на истото ќе ви помогнат овие чекори кои ќе направат да се чувствувате целосно задоволни.
Бидете кралица на личното задоволство
Познато е дека жените кои почесто мастурбираат се посигурни во сексот, па затоа наоѓаат поголемо задоволство во него бидејќи знаат како да достигнат кулминација .
– Доколку сè уште не сте го направиле тоа, дефинитивно одвојте време да ги откриете сопствените ерогени зони, како и интензитетот на допир кој најмногу ви одговара – вели сексологот Емили Морс.
Научете да го гледате вашето тело како секси
Љубовта кон сопственото тело, како и доживувањето на себеси како сексуално суштество е важна за сексуалната самодоверба. За да се постигне оваа цел, важно е да вежбате. Изберете свилена долна облека, тесен фустан, штикли или некој друг додаток кој ве прави пожелни, прошетајте пред огледалото и навикнете се на оваа идеја.
Кажете ги овие три магични зборови
Никој не може да ви ги чита мислите, па ако сакате нешто, мора да го побарате. Ова правило е особено важно во случај на секс. Ако вашиот партнер прави нешто за време на сексот што не ви се допаѓа, најдобро е да му кажете.
– Уживајте во моментот и не заборавајте да ги кажете овие три моќни зборови: „Ајде да пробаме вака“ – заклучува сексологот.