3-те најважни минерали за функцијата на тироидната жлезда: Ќе ги најдете во семките од тиква, месото, житариците

За правилно функционирање на тироидната жлезда, важно е да се консумираат сите есенцијални минерали кои позитивно влијаат на целокупното здравје преку разновидна исхрана. А токму цинкот, селенот и јодот се важни за оптималната функција на тироидната жлезда.

Јодот е неопходен и незаменлив за функционирањето на тироидната жлезда, а го наоѓаме во кујнската сол, морските плодови и алгите. Ова е минерал кој е потребен за производство на сите тироидни хормони.

Покрај јод, за функцијата на тироидната жлезда важен е и минералот селен. Селенот е од суштинско значење за работата на ензимот кој го зема хормонот Т4 и го претвора во активна форма на Т3. Луѓето на кои им недостасува селен во организмот може да доживеат симптоми на хипотироидизам, односно последици од намалена функција на тироидната жлезда, и покрај тоа што вредностите на хормоните Т3 и Т4 се во нормални граници.

бразилски орев, ореви

Најдобрите извори на селен се бразилските ореви, а селенот може да се најде и во квасецот, цели зрна и морските плодови. Само еден бразилски орев може да исполни повеќе од 100 проценти од препорачаната дневна доза на селен.

Списокот на минерали корисни за функцијата на тироидната жлезда вклучува цинк. Цинкот е важен за правилното функционирање на тироидните хормони, а особено е корисен во клетките каде што тироидните хормони ја вршат својата активност.

Храна богата со цинк се: семки од тиква, месо и морски плодови. Недостаток на цинк во телото може да се појави кај пушачи, дијабетичари, трудници, а зголемена потреба од овој минерал имаат и спортистите.