3 хороскопски знаци ќе имаат кобна средба до 27 март! Венера влегува во Овен

Венера во Овен носи силна, страсна и директна енергија во љубовта и врските. Венера, планетата која ја симболизира љубовта, на 4 февруари ги напушта Рибите и влегува во Овен, каде што ќе остане до 27 март бидејќи и таа ќе биде ретроградна, па во овој знак ќе остане подолго од вообичаено. Венера во Овен носи експлозија на страст за Лавовите, Стрелците и Овенот.

Луѓето со оваа положба на Венера често се спонтани и импулсивни кога се во прашање емоциите, не сакаат чекање и претпочитаат да ги решаваат работите веднаш.

Венера овде бара возбуда и страст, па лесно се заљубува, но исто толку брзо може да изгуби интерес доколку нема динамика или предизвик во врската.

Младешки дух

Оние со оваа Венера често имаат младешки дух и отворено покажуваат наклонетост. Нивниот пристап кон љубовта е искрен и директен – тие нема да се преправаат или да ги кријат своите чувства. Ги привлекуваат луѓе кои зрачат со самодоверба и имаат силен карактер, бидејќи тие самите имаат тенденција да доминираат и преземаат иницијатива.

Храброст и нетрпеливост

Сепак, оваа Венера може да биде нетрпелива и понекогаш премногу фокусирана на возбудата во моментот, што може да доведе до недостаток на подлабоко размислување за долгорочните последици во врските. Во љубовта сакаат партнер кој може да го следи нивниот интензитет и енергија, но и некој кој им дава доволно слобода да бидат свои.

Оваа енергија често се манифестира преку храбар пристап кон естетиката и стилот, па луѓето со Венера во Овен избираат впечатливи бои, смели модни решенија и сакаат да се истакнуваат. Нивната привлечност лежи во нивниот ентузијазам, самодоверба и вистинската страст за животот.