30 евра ќе чини патната карта за граѓаните со стар пасош кои треба да се вратат во Македонија

Граѓаните кои по 12 февруари ќе бидат во странство со стар пасош и ќе треба да дојдат во Македонија, тоа ќе можат да го сторат доколку им се обезбеди патна исправа во некое од дипломатско-конзуларните претставништва на Министерството за труд.

Македонската амбасада во Берлин им даде инструкции на граѓаните кои мора да аплицираат за нови пасоши, но и за патни исправи кои ќе чинат 30 евра и ќе бидат на товар на македонските граѓани.

Патниот документ може да се подигне без закажување во некоја од амбасадите или конзулатите и е со важност од 30 дена, па се користи само за враќање во Македонија.

„Ги известуваме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нова патна исправа од денот на поднесување на барањето е во просек 50-75 дена, по што патните исправи ќе можат лично да се подигнат на ул. ПДК каде го доставиле барањето“.

„Доколку државјаните на Република Македонија кои живеат во странска држава и кои сè уште немаат издадено нов пасош до 12 февруари 2024 година и имаат намера да аплицираат за издавање пасош во Република Северна Македонија, можат да се вратат на земјата со пасош, кој се издава без рок, со важност од 30 дена од денот на издавањето и служи само за враќање во земјата“.

„Потенцираме при издавањето на патните исправи да не се укинуваат пасошите со старото уставно име „Република Македонија“. Потребните документи за издавање на пасошот: пасош, пополнето барање за издавање на пасош, две фотографии и конзуларна такса од 30 евра“, се вели во соопштението на Амбасадата на Северна Македонија во Германија