33 годишен маж е пронајден мртов во затворот Идризово

Синоќа околу 22:55 часот во Полициската станица Скопје, од затворот „Идризово“ било пријавено дека во затворот бил пронајден мртов З.М.(33) од Куманово.

Смртта е констатирана од страна на лекар од итна помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција