37 лица загинати во стампедо во Конго: Десетици повредени по хаосот што настана при регрутирањето (ФОТО)
Армијата е една од ретките институции во Конго која нуди вработување, па се очекуваше голем број заинтересирани
На воениот стадион Мишел д’Орнано во Бразавил, Конго, загинаа најмалку 37 лица, додека десетици беа повредени во стампедо што се случи за време на регрутирањето, објави единицата за кризниот центар на премиерот на Конго Анатоле Колин Макос.
– Проценетата бројка на жртви е 37, а бројот на повредени е голем – се наведува во соопштението.
Еден од преживеаните, Брендон Цетоу, кој бил потенцијален регрут, рече дека организаторите го најавиле последниот ден за регрутирање, поради што премногу млади чекале до доцна во ноќта да се пријават.
Некои станаа нетрпеливи и, како што опиша Сету, „влегоа насилно, создавајќи стампедо во кое многумина беа убиени и повредени“.
Минатиот месец, властите на Конго објавија доброволно регрутирање на 1.500 луѓе на возраст меѓу 18 и 25 години, што привлече голема толпа надвор од стадионот во текот на изминатата недела.
Армијата е една од ретките институции во Конго која нуди вработување, што веројатно придонесе за масовниот одѕив.
И покрај тоа што бројот на позиции беше ограничен, дневно се пријавуваа околу 700 луѓе.