Триесет и деветгодишна жена, која штотуку се породила, скокнала од првиот кат на Клиниката за гинекологија во Скопје, информира за „Фокус“ директорката Викторија Јовановска.
„Пациентот е донесен кај нас во 36-та недела. Нејзината бременост не била следена на Гинекологија. Се породила за 12 минути и таа и бебето преживеале.
Ден пред да сепороди потпишала дека не сака да го дои бебето и не знам што и како се случило. Не ни ја знаеме причината за нејзината одлука. Сите се шокирани, а мајката е во критична состојба“, вели доктор Јовановска.
Според првите информации, повредената пациентка веднаш била префрлена на КАРИЛ, на Одделот за неврохирургија, каде и била извршена итна операција, но никој од лекарите не ја знае точната причина за одлуката на жената која штотуку се породила.