4 методи за смирување на умот за само неколку минути! Ќе заборавите на напнатоста и темните мисли

Анксиозноста може да ве обземе и во најнезгодните моменти, но со едноставни трикови како температурен шок, интензивно вежбање или ритмичко дишење, можете да ја вратите контролата врз вашиот ум и тело за помалку од пет минути.

Анксиозноста може да се појави ненадејно, без предупредување, а вие немате секогаш можност да бидете сами или да поминете десет минути во медитација. Сепак, постојат брзи и ефективни методи кои можат да ви помогнат да се смирите и да го вратите фокусот, дури и во најсложените ситуации.

Според Џенифер Тејц, клинички психолог и автор на ресетирање на стрес: Како да ги смирите телото и умот за неколку минути, клучот е да се комбинираат техники кои веднаш ги ресетираат мозокот и телото.

– Тоа се методи кои вклучуваат температурен шок, интензивна физичка активност, прогресивна мускулна релаксација и контролирано дишење – пишува таа. 

Температурен шок

– Доколку сте дома, потопувањето на лицето во сад со ладна вода може да биде моќно смирувачко средство. Поставете тајмер за 30 секунди, потопете го лицето во ледена вода и задржете го здивот. Се активира нуркачкиот рефлекс кој го намалува пулсот и ве смирува – објаснува Тајц. Студот го „тера“ телото да се фокусира на физичката сензација наместо на негативните мисли, што моментално ја намалува анксиозноста.

Брзи, интензивни тренинзи

Кратките интервали на физичка активност, како што се скокови со чучњеви или дигалки за скокање, можат значително да помогнат.

– Само 90 секунди интензивно вежбање е доволно за да ве ослободи од опсесивни мисли и анксиозност  – додава Тајц.

Прогресивна мускулна релаксација

Оваа техника вклучува наизменично затегнување и опуштање на мускулите.

– На пример, затегнете го челото, држете го неколку секунди, па опуштете го. Забележете ја разликата помеѓу напнатост и релаксација и продолжете низ телото – советува Тајз. Оваа практика е едноставна, а нејзиниот ефект брзо се чувствува.

Ритмичко дишење

– Земете длабок здив, а потоа долго издишување, помага да се намали стресот и да се врати мирот. Само пет минути од ова дишење можат да направат огромна разлика – објаснува психологот.

Овие техники се идеални за моменти кога се чувствувате обземени од стрес – без разлика дали сте дома, на работа или во движење. Со нив анксиозноста повеќе нема да има шанса да ве изненади и да ви го наруши денот.