4 најлоши астролошки комбинации за љубовта: Колку и да се трудат, нивната врска е осудена на неуспех

Како што постојат парови според Зодијакот кои се особено добра комбинација за љубов, така, тврдат астролозите, има и такви чии врски се осудени на неуспех.

Овен и Шкорпија

Овенот и Шкорпијата се управувани од планетата Марс. Ако се сакаат, се сакаат насилно и бескомпромисно, со многу страст. Сепак, иако владетелот им е ист, претставниците на овие хороскопски знаци се премногу различни за да преживеат на долг рок. Овенот е поспонтан, лесно гори и експлодира, а неговата искреност во тие моменти знае да биде неподнослива. За разлика од него, „отровните“ Шкорпии чекаат прилика да ја „вратат“ услугата, но на подмолен начин, што Овенот не може да го толерира.

profimedia-0863003621.jpg

Близнаци и Јарец

Тие може да бидат интересни еден за друг на почетокот. Како што поминува времето, меѓусебната иритација почнува да расте до тој степен што нивната врска станува неподнослива. Јарецот посветува многу внимание на планирањето, прецизноста и редот, додека Близнаците се спонтани, разиграни, избрзани и честопати многу неодговорни. Тие едноставно се толку различни што по некое време раскинувањето станува неизбежно.

Рак и Водолија

Ракот е длабоко емотивен и сака да се чувствува безбедно и заштитено, додека Водолијата е посветена на целиот свет. Ракот себично бара време и внимание на Водолијата, што почнува да ја нервира бидејќи има други приоритети. Во таа ситуација Ракот ќе биде повреден, а Водолијата збунета. Ракот ќе се повлече во себе, а Водолијата тоа ќе го сфати како јасен знак дека треба да ја напуштат врската.

Девица и Стрелец

Стрелецот сака да го прави она што им одговара во моментот, без да прави јасен план. Тој има тенденција да ги запоставува обврските и да ги подреди на сопственото уживање. Девицата е сосема спротивно од сето тоа, кај неа се е јасно испланирано, а обврските се на прво место. Таа е шокирана од каприците и авантурите на Стрелецот, па ќе се потруди да го заузда, што тој ќе го доживее дека го „гуши“ и ја контролира неговата слобода. Во таа ситуација единствено загарантирано е раскинување, поради непомирливи разлики.