Доаѓа Новата 2025 година, а астролозите објаснуваат дека одредени датуми во јануари нема да бидат најповолни. Астролозите не предупредуваат да се подготвиме бидејќи можеме да очекуваме секакви измами и лоши ситуации.
Наскоро доаѓа месец јануари, а астролозите не предупредуваат за четирите најкритични денови кои можат да ни донесат тешки предизвици.
Тогаш би можеле да доживееме разни непријатности, па затоа е многу важно да го знаеме ова за најлесно да ги надминеме.
Обележете ги следните датуми во вашиот календар:
6 јануари – Марс влегува во знакот Рак
Влегувањето на Марс во знакот Рак го означува почетокот на низата предизвикувачки настани за Новата 2025 година. Астролошки, ова е многу неповолен аспект кој може да донесе многу непријатни последици.
Овој аспект може да резултира со проблеми со расположението, напади на агресија, немир, како и склоност кон озборувања и конфликти.
Можни се расправии во семејството или на работното место.
19 јануари – Венера во врска со Сатурн
Овој датум ни носи енергетски тежок ден кој ќе биде обележан со лошо физичко здравје и неповолни услови за нов почеток.
Многу се можни емотивни и деловни манипулации, затоа бидете подготвени и не верувајте веднаш во се што ви е ветено.
21 јануари – спој на Сонцето и Меркур
На тој ден треба да се воздржите од секакво пазарење и патување. Носи и потенцијални недоразбирања и големи финансиски грешки, затоа бидете многу внимателни.
Астролозите нагласуваат дека во најлош случај може да дојде до сериозна измама кога се во прашање финансиите.
29 јануари – спој на Меркур и Плутон
Овој спој е многу редок и носи потенцијално многу лоши енергетски влијанија. Мора да бидете внимателни, особено со непознати луѓе.
Астролозите предупредуваат на можноста за зголемени измами и манипулации бидејќи многумина ќе бидат подготвени да преземат екстремни мерки за да ги постигнат своите цели. Најдобро е да држите дистанца од многу луѓе на овој ден.