4 промени кои ќе ги забележите во организмот откако ќе започнете да консумирате темно чоколадо

Нема подобар десерт за здравјето од темно чоколадо. Всушност, темното чоколадо има своја хранлива вредност – богата комбинација на корисни антиоксиданти.

Во продолжение ви претставуваме неколку позитивни ефекти врз здравјето, кои се предизвикани од консумирањето на темно чоколадо.

Го подобрува здравјето на срцето

Темното чоколадо е навистина преполно со антиоксиданти. Всушност, една студија на „BMC Chemistry“ покажа дека антиоксидативните способности на темното чоколадо се помоќни од кое било тестирано овошје. Според диететичарката Сабрина Русо, темното чоколадо е одличен извор на антиоксиданти, вклучувајќи полифеноли, флаваноли и катехини. Овие антиоксиданти помагаат во заштитата на клетките на телото од слободните радикали, што може да доведе до срцеви заболувања.

Во однос на заштитата на срцето, јадењето парче темно чоколадо може да биде исто толку корисно како и парче овошје.

Ја подобрува состојбата на кожата

Флавоноидниот антиоксидант има бескрајни придобивки. Тоа всушност може да делува на заштитата на кожата од сонцето.

„Флаванолите во чоколадото исто така можат да помогнат да се спречи оштетување на кожата од сонцето. Овие соединенија го подобруваат протокот на крв, дебелината на кожата и хидратацијата“, вели Русо.

Го намалува крвниот притисок

Џеклин Лондон, шеф за исхрана и здравје во WW, зборувала за темното чоколадо како одличен извор на антиоксиданти.

„Чоколадото има најмногу полифеноли од која било друга храна, познати и како антиоксидантни соединенија. Кога станува збор за изборот на чоколадо, колку е поголем процентот на какао, толку е поголема содржината на антиоксиданти во самата чоколада. Темното чоколадо обично содржи повисоки нивоа од другите видови, што го прави избор богат со антиоксиданти“, вели таа.

Овие антиоксиданти се поврзани со намалување на воспалението и регулирање на крвниот притисок.

Ја подобрува функцијата на мозокот

Флавоноидите кои се наоѓаат во темното чоколадо се чудотворна состојка. Тие не само што ја штитат вашата кожа, срце и го намалуваат крвниот притисок, туку му помагаат и на вашиот мозок.

„Флавоноидите присутни во темното чоколадо ја подобруваат когнитивната функција со зголемување на церебралниот проток на крв. Темното чоколадо може да има корист за меморијата и сознанието кај здравите возрасни лица“, објаснува д-р Рашми Бјакоди од „Best for Nutrition“.