4 работници загинаа кога се урна мост во Јужна Кореја: „Луѓето паѓаа од сите страни!“ Сите стравуваат дека бројот на жртви ќе продолжи да расте (ФОТО/ВИДЕО)

Најмалку четворица градежни работници загинаа, а неколку се повредени при уривање на патен мост во изградба во вторникот во Јужна Кореја.

Некои од повредените се во тешка состојба во локалната болница.

Официјални лица рекоа дека двајца од загинатите се кинески државјани, а двајца од Јужна Кореја. Еден од повредените работници е Кинез.

Мостот во Ансеонг, на околу 65 километри јужно од главниот град Сеул, сè уште беше во изградба кога гредите долги 50 метри што го потпираа паднаа на земја.

Локалниот пожарникар Ко Кјунг-ман на прес-конференција рече дека работниците „работат на поставување на палубата на мостот“.

– Сите десет работници беа на палубата, кога се урна мостот паѓаа од двете страни.

Властите соопштија дека не можат веднаш да ја утврдат причината за инцидентот.

Hyundai, водечкиот изведувач на градежниот проект, излезе со соопштение во врска со трагичниот настан.

„Искрено ги наведнуваме главите во знак на извинување пред оние кои ги загубија своите скапоцени животи и беа повредени во несреќата на нашето градилиште. Активно соработуваме со релевантните органи за да обезбедиме брза разрешница на лице место.”

Вршителот на должноста претседател Чои Санг-мок им порача на релевантните агенции да го мобилизираат целиот расположлив персонал и опрема на местото на уривањето.

Подоцна, Националната агенција за пожари соопшти дека испратила 150 работници за итна помош на местото на настанот, додека Министерството за транспорт соопшти дека испратило и неколку службеници.