43-годишен маж од Скопjе осуден на 11 месеци затвор за нападот врз 15-годишни фудбалери на натпреварот Брегалница – Скопје во Штип
Родителот кој нападна двајца 15-годишни локални фудбалери за време на фудбалскиот натпревар помеѓу младинските екипи на Брегалница и Скопје е осуден на 11 месеци затвор.
Портпаролот на Основниот суд Штип и воедно кривичен судија, Сашко Георгиев, денес информираше дека кривичниот судски совет, со кој претседава судијката Невена Перица, ја објави пресудата против обвинетиот Авни Абдули од Скопје, за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 4 од Кривичниот законик. Одлуката сè уште не е правосилна, бидејќи е истечен рокот за жалба до Апелациониот суд во Штип.
Инцидентот се случил на 24 август годинава, на фудбалското игралиште „Бело Брдо“ во Штип, за време на натпревар помеѓу младинските екипи на Брегалница и Скопско. Основното јавно обвинителство во Штип веднаш по инцидентот покрена забрзана постапка против 43-годишникот за сторено кривично дело Насилство.
Според Обвинителството, со своите постапки тој ја загрозил безбедноста на децата, а воедно предизвикал чувство на несигурност, страв и загриженост кај присутните и јавноста.