5 напитоци од мед за 5 здравствени проблеми: Еве зошто се вели дека медот е лек за 100 болести (фото)

Медот има антибактериски, антивирусни, антигабични и антиоксидантни својства и затоа го штити нашето тело од бактерии, вируси и слободни радикали, трите најголеми непријатели на здравјето.

Со користење на мед во оптимални количини, ја зајакнуваме одбраната на организмот. Се подобруваат сите параметри на имунитетот кои се клинички и лабораториски докажани – крвна слика, активност на леукоцити, титар на антитела и општа физичка и психичка состојба.

Со јадењето мед, го постигнуваме растот и развојот на организмот, го забавуваме стареењето, го забрзуваме закрепнувањето од стрес и болести и го зајакнуваме општиот физички и ментален капацитет на организмот.

Затоа и со право се вели: „Користете го медот редовно за подоцна да не го барате како лек!“

Ангина

– Гответе сок од кромид со мед, а потоа исплакнете го грлото на секој час и пијте по една кафена лажичка од овој сируп на секои два часа.

– Земете 10 гр корен од бел слез и сварете го во 150 мл вода, процедете, додадете 30 гр мед, промешајте да се изедначи, а потоа исплакнете го грлото со овој чај.

Медот нè штити од бактерии, вируси и слободни радикали

Анемија

– Изрендајте ситно едно јаболко, додадете една лажица шумски мед, една лажица сок од лимон и една кафена лажичка сок од ајдучка трева или дренка, убаво измешајте и изедете го наутро на празен стомак. Терапијата трае 10 дена.

– Земете по 50 гр листови од коприва (може да е сува) и капина (може да е замрзната), полијте ја со 1 л вода, оставете да отстои 24 часа, потоа малку зовријте, оставете да се излади, потоа додадете 7-8 лажици мед и добро измешајте. Пијте по една шолја три пати на ден пред јадење. Терапијата трае од 20 до 30 дена.

Медот треба да се конзумира растворен во чаша топла вода, млеко или чај. Ако го земате со лажица, не треба веднаш да го голтнете, туку оставете постепено да се раствори во устата. Мора да се користи дрвена или пластична лажица, бидејќи металот го неутрализира лековитиот ефект.

Го подобрува апетитот

– Внесете мед со додавање на малку полен (цветен прав) во вашата секојдневна исхрана.

– Добро измешајте ги ренданото свежо јаболко, медот и јогуртот. Земете пред секој оброк.

Астма

– Добро измешајте 1/4 кг мед и 1/4 кг несолен путер, па додадете 3-4 лажици рендан рен и 100 гр мелен лук. Јадете по една кафена лажичка три пати на ден.

Med

Лекува афти

Неколку пати во текот на денот, чувајте малку мед во устата колку што е можно подолго. Ефектот е фантастичен.

Колку мед ни треба?

Оптималната дневна количина на мед е еден грам на килограм телесна тежина.