5 симптоми кои укажуваат на бронхитис: Еве кога треба да посетите лекар

Бронхитисот е воспаление на бронхиите (дишните патишта) кое може да биде предизвикано од вирусни инфекции, како настинка или грип, но и од изложеност на чад од цигари или загадување.

Постои акутен бронхитис (краткорочен) и хроничен бронхитис (долгорочен, често кај пушачите).

Што предизвикува бронхитис?

Бронхитисот обично е предизвикан од вируси, а може да се развие и кај луѓе со ослабен имунитет или белодробни заболувања како што е астмата.  Чадот од цигарите и хемикалиите исто така го зголемуваат ризикот.

Симптоми на бронхитис

Кашлица:  Често е придружена со слуз која може да биде чиста, жолта или зелена, а подоцна кашлицата станува сува.
,,Шушкање” во градите: често со кашлање, поради слуз во белите дробови.
Тешкотии со дишењето: може да биде придружено со отежнато дишење или штракање при дишење.
Болки во грлото: Иритација поради силна кашлица.
Треска и главоболка: Тие обично се поврзани со почетната вирусна инфекција.

veliki-kasalj-shutterstock-2290797349.jpg

Кашлицата  често е придружена со слуз која може да биде чиста, жолта или зелена.

Кога да се оди на лекар?

* Ако кашлицата трае подолго од 3 недели.

* Ако кашлицата го отежнува спиењето или предизвикува отежнато дишење.

* Ако кашлицата е придружена со висока температура (над 38°C), искашлување на крв или слуз во боја на ‘рѓа.

Дијагноза и третман

Лекарот ќе ги слуша белите дробови, а за да постави прецизна дијагноза, може да препорача дополнителни тестови како што се рендгенски снимки или анализа на слуз.

Ако бронхитисот е предизвикан од вируси, обично не е потребен антибиотски третман.

На пациентите им се препорачува да пијат многу течности, да се одморат и да ја ублажуваат болката со лекови против болки.

Кога бронхитисот станува хроничен?

Ако кашлицата трае повеќе од три месеци, дури и без други симптоми, тоа може да биде знак за хроничен бронхитис, кој често се јавува кај пушачите. Ако кашлицата трае подолго од шест недели или се влоши, важно е да посетите лекар.