50 кубни метри смет е отстранет во Скопје за новогодишната ноќ

Општинска хигиена-Скопје има спроведено и активности во текот на ноќта на новата година за зачувување на хигиената и чистотата на јавните простори во градот Скопје, како и празнење на контејнери за депонирање на комуналниот отпад.

Екипите на НП Општинска хигиена-Скопје, веднаш по завршувањето на новогодишната прослава на плоштадот Македонија, извршија целосно чистење на површината на плоштадот, улицата Македонија и пешачките мостови во централното подрачје на градот, во рамките на кој 20 кубни метри ситен отпад фрлен на јавни простори.

Од дивите депонии во општините Скопје, Гази Баба и Карпош во текот на ноќта на новата година се отстранети околу 30 кубни метри отпад. Интервенцијата е извршена на улицата „Душан Ташковиќ“ во населбата „Железара“, како и на булеварот „Илинден“, во близина на комплексот МИДА.