50.000 Албанци планираат “инвазија” на Германија: 140 пратеници заминаа во Дортмунд и не планираат да се вратат во Тирана

Огромен интерес на Албанците за натпреварот против Италијанците.

Пред почетокот на Европското првенство во фудбал владее целосна еуфорија кај Албанците, а илјадници навивачи планираат да дојдат во Германија и да учествуваат на еден од натпреварите. 

Имено, во текот на денот шпански „АС“ пишуваше за навивачите на Албанија и наведе дека кај западните соседите дури 140 пратеници решиле да заминат во Дортмунд на мечот со Италија! Наведоа дека тоа автоматски значело и откажување на редовната седница закажана во четврток, но тоа не е се. Ќе мора да се откажат и наредните седници, бидејќи повеќето од пратениците планираат да останат на преостанатите натпревари во Германија и не сакаат да се вратат назад.

Од друга страна, медиумите во Италија се занимаваат и со нивниот прв противник во групата, а за навивачите наведуваат дека „подготвуваат инвазија“ на стадионот на Борусија. Очекуваат дека во Дортмунд ќе има околу 50.000 Албанци кои ќе сакаат да го следат натпреварот и да ги поддржат своите играчи.

Албанија во сабота од 21 часот се среќава со Италијанците, потоа на 19 јуни игра во Хамбург против Хрватска, а потоа со Шпанија во Дизелдорф на 24 јуни. Јасно е дека тие се најголемите аутсајдери во оваа група, но зад себе ќе имаат голема поддршка, особено од дијаспората која со години живее и работи во Германија.

За албанската инвазија на Дортмунд и стадионот ден претходно зборуваше легендарниот Џанлуиџи Буфон, кој процени дека 80% од стадионот ќе биде исполнет со навивачи на албанската репрезентација.

За потсетување, стадионот на Борусија вообичаено собира 82.000 луѓе, но од безбедносни причини УЕФА ја намали таа бројка за 20.000 бидејќи беа поставени седечки места на трибината која традиционално им припаѓа на најжестоките навивачи на Борусија.