53 луѓе затруени на свадба, меѓу нив 13 деца: Невиден хорор, луѓето масовно пристигнаа во болниците со овие симптоми

Педесет и три лица, меѓу кои 13 деца, се затруени на свадба во регионот Бухара во Узбекистан, соопшти прес-службата на регионалниот оддел за здравство, а пренесува РИА Новости.

Според прес-службата, ноќта на 13 април, болниците во областа Бухара и Вабкент во регионот Бухара почнале да примаат луѓе кои се жалеле на болки во стомакот, повраќање и слабост .

„Вкупно 53 лица се префрлени во болници, меѓу кои 13 деца. Сите беа гости на свадбата“, се вели во пораката објавена на регионалниот Телеграм канал за здравство.

Како што соопшти прес-службата, во болниците итно се донесени сите лекари кои работат овде, како и специјалисти од регионалната инфективна болница. На сите пациенти им била дијагностицирана акутна дијареа, болки во желудникот предизвикани од труење со храна и била започната инфузиона терапија.

До денес од здравствените установи се отпуштени 43 лица поради задоволителна здравствена состојба, додаваат од прес-службата. Регионалната здравствена управа ги повика граѓаните да внимаваат на квалитетот на храната што ја консумираат .