54-годишниот Ергин Борова за хуманитарни цели исплива 23 километри во Охридското Езеро. Почнал да плива во 05.17 часот наутро, од Музејот на вода, кај Свети Наум, за да го заврши околу 13.30 часот на градската плажа во Струга.
Оваа ретка акција и зафат со големи лични жртви на 54-годишникот, за пливање на маратонот кој траеше над 7 часа без прекин, се прави како чин за поддршка на дневен центар за деца со посебни потреби.
По завршувањето на едно толку долго пливање, Борова изјави: „Порано го завршив пливањето, поради добриот тренинг. Се надевам дека овој предизвик ќе ја подигне свеста за центарот за деца со посебни потреби“.
Борова во 2021 година исплива 10 километри за истите цели, но овој пат, 3 години подоцна, исплива 23 километри. Тој претходно во својот пост пред почетокот на маратонското пливање напиша дека иако мисијата е иста, предизвикот е нов и поголем, пливање 23 километри без застанување, но тоа е направено „за да им се помогне на децата со посебни потреби“ во близина на центар во Струга, кој го води Фондацијата „Грижа за деца со посебни потреби“.
Ергин Борова е од Струга, но живее во Холандија. Последниве години е еден од оние сограѓани, кој често е присутен во родниот крај, инвестирајќи во различни проекти. Тој се надева дека оваа негова акција, која бара повеќемесечна подготовка и обука, ќе поттикне поединци или други организации да му помогнат на центарот за деца со посебни потреби во Струга.
Инспирација Ергин Борова веќе важи за инспирација, не само затоа што има 54 години и успешно постигнува ваков голем предизвик, туку затоа што докажува дека со посветеност се може да се постигне. Оваа година на неговата многу посебна иницијатива, пливање 23 километри без престан во хуманитарни цели, се приклучија и други поединци.
Паралелно со Борова, Арбен Тафа и Анес Демишоски со велосипед поминаа 100 километри околу Охридското Езеро. Бетим Ибра и Ангел Илоски истрчаа 10 километри како и Марија Бажаноска 10 километри во Грција за истата кауза. Од штабот на Борова рекоа дека овие акции го привлекуваат вниманието на луѓето и како резултат на тоа даваат и донации.