61 годишната Скопјанка го роди своето прво дете

Жена го родила своето прво дете на 61 година на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје.

Директорката Ирена Алексиовска Папестиев објави дека се породила пред неколку дена на Гинеколошката клиника во Скопје.

Таа важи за најстарата жена која го родила своето прво дете во Македонија.

Според досегашните информации, мајката и бебето се во стабилна состојба.

Детето е зачнато со ин витро процедура.