61 жртва e пациент кој бил на лекување во Литванија со тешки изгореници по телото  

Почина уште еден од повредените во страшната трагедија во дискотеката Пулс во Кочани.

Според информациите, се работи за повредено лице кое било на лекување во Литванија.

Со ова бројот на загинати се зголемува на 61. Претходно на повредите им подлегна и Александар Карадакоски.

Во пожарот во Кочани беа повредени над 150 од кои дел беа пратени на лекување во странство.