7 милиони предвремено родени деца годишно умираат од мајки кои живееле во средини со високо аерозагадување
„Влијанието на загадениот воздух зависи од повеќе фактори, а дел од тие фактори ги кажаа колегите. Зависи од многу фактори како генетски предиспозиции, пол, возраст и е различно од човек до човек. Не постојат студија во која се кажува дека толку и толку поминато време на отворено, па дури и на затворено просторија, затоа што не треба да заборавиме дека квалитетот на воздухот во затворени простории кои можат да влијаат на нашето здравје ќе доведе до тие ефекти. Затоа што тоа зависи од време на изложеност, односно време на експозиција, дали се тоа часови, денови или години, како што имаме ние еве неколку години хронична изложеност. Тоа ќе зависи од индивидуални карактеристики на поединецот. Многу зависи и од некои животни стилови, како дебелина како главен коморбилитет, хипертензија, дијабетот, хронични респираторни заболувања итн. За среќа постојат студии можат да проценат колку од тие што починале од вкупната смртност починале заради квалитетот на воздухот притоа отстранувајќи ги другите ризик фактори, како што е пушењето како главен ризик за настанување на голем дел на симптоматологии и болести кои се причини и за заболување и смрт а можат да се препишат и на пушењето и аерозагадувањето“ изјави д-р Мирјана Димовска, од ИЈЗ.
„Децата што го дишат воздухот внатре е ист со оној надвор, а можеби и полошо во некој друг елемент. Кога Збориме за внатрешниот воздух, ако зборуваме за горива како греењето од типот на дрвото, а тука може да се вклучи и готвењето да биде фактор за загадувањето во внатрешен простор, а третиот е пушењето. Трагично е кога ќе чуеме бројки. Ние имаме официјални информации од светските значајни институции. 7 милиони деца годишно умираат како предвремено родени деца, родени од мајки кои живееле во средини со високо аерозагадување. Затоа што ПМ-честички под 2,5 кај бремени жени ја поминува плацентата и прави еден воспалителен процес, а тоа не се само честички туку и други супстанци. Во земјите на ЕУ, 400 илјади предвремено родени деца умираат поради аерозагадувањето“ потенцираше педијатарот д-р Сајковски.