7 чаши за 7 дена: Чудесниот пијалок топи килограми до последниот грам

Доколку сакате брзо, но на здрав начин да се ослободите од вишокот килограми, тогаш овој сок е вистинското решение за вас

Секако, освен пиењето на овој сок, многу е важно и како се храните. Треба да ја нормализирате исхраната, да јадете здрава храна како овошје, зеленчук и житарки и да избегнувате шеќер.

Исклучувањето на шеќерот од вашата исхрана го намалува апетитот, го намалува нивото на инсулин и ќе изгубите тежина без воопшто да чувствувате глад. Посебно корисни се зеленчукот како зелката, доматите, карфиолот, брокулата, спанаќот, блитвата, краставиците и зелената салата, како и одредени видови месо – пилешко, телешко и риба.

Сок за слабеење

Неопходно е:

  • 1 краставица
  • 3 прстени од ананас
  • чаша листови од магдонос
  • стапче целер

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер, па се меле и се остава да отстои 15 минути. Најдобро е да го пиете сокот прво наутро, на празен стомак. Не додавајте шеќер или вештачки засладувач. Важно е да се пие свеж, за да не ги изгуби својствата.

Овој зелен сок е полн со хранливи материи кои делуваат синергетски за здраво слабеење. Користете го седум дена директно за да се борите со салото на стомакот! Ве молиме имајте предвид дека не се препорачува продолжена употреба. Внимавајте на реакцијата на вашето тело и доколку се појават непријатни реакции веднаш престанете да го консумирате.