Јавните WI-FI мрежи често се небезбедни, што ве прави лесна цел за хакери и сајбер криминалци.
Еве некои од клучните опасности со кои се соочуваме кога се поврзуваме на јавни Wi-Fi мрежи:
Прво, постои пресретнување на податоци: хакерите лесно можат да пресретнат податоци што се пренесуваат преку незаштитена Wi-Fi мрежа. Ова вклучува лични информации, лозинки, броеви на кредитни картички и други чувствителни податоци.
Хакерите исто така можат да ја пресретнат комуникацијата помеѓу корисниците и Интернетот или да го заразат вашиот телефон со малициозен софтвер.
Кражбата на идентитет е исто така опасност, како и неовластен пристап до уредите: небезбедните мрежи, всушност, им дозволуваат на хакерите да пристапат до вашиот уред и да украдат податоци или да инсталираат малициозен софтвер.

Треба да избегнувате поврзување на Wi-Fi на овие места
Аеродроми
Поради големиот број патници и често слабата безбедност, аеродромите се популарна мета на хакерите.
Кафулиња и ресторани
Овие места често имаат несигурни мрежи кои се лесни мети за злонамерните актери.
Хотели
Хотелските Wi-Fi мрежи често се слабо обезбедени и можат да бидат компромитирани.
Трговски центри
Големите, отворени мрежи во трговските центри привлекуваат хакери поради големиот број потенцијални жртви.
Јавен превоз
Wi-Fi во автобуси, возови и метро често е небезбеден и лесен за злоупотреба.
Библиотеки и образовни институции
Иако изгледаат безбедни, овие институции често имаат отворени мрежи кои можат да бидат ранливи.
Јавни паркови и плоштади
Бесплатните Wi-Fi мрежи на отворено често не се безбедни и лесно достапни за злонамерните актери, пренесува Consumer.