71-годишна жена од Скопјe е измамена за 36.300 евра, ја повикале две лица кои се претставиле како полицаец и лекар

На 16.10.2025 година, во 17:20 часот, во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопско пријавила дека била измамена за износ од 36.300 евра.

Според пријавата, едно лице ја контактирало по телефон, се претставило како полицаец и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, дека е тешко повредена и дека треба да плати за итна операција.

Како што е објавено, потоа повторно ја контактирало по телефон друго лице кое се претставило како лекар и ѝ кажало каде да ги остави парите.

Се преземаат мерки за расветлување на случајот