76 воени возила, донација од Норвешка за Македонија, пристигнуваат на пристаништето во Солун

Возилата, кои се донација од Норвешка за Македонија, пристигнаа на Солунското пристаниште во Грција, соопшти Армијата на Македонија.

„Пристигнаа неборбените воени возила кои нашиот НАТО сојузник, Кралството Норвешка ни ги донираше како резултат на одличната билатерална соработка.

Наскоро, по транспортот од Солунското пристаниште, дел од нашите единици ќе бидат 40 камиони и 36 лесни пешадиски возила, со што ќе се зајакнат нашите армиски капацитети.

Ви благодарам! Заедно посилни“, се вели во соопштението .