9 ЗНАЦИ ДЕКА СТЕ ВО ДРУШТВО НА ЗЛОБНИ ЛУЃЕ: Четвртиот е убиствен!

Човекот е друштвено суштество. Многу од тоа што ќе станете во животот е поврзано со вашиот избор на луѓе околу вас.

Најдобро е да се опкружите со луѓе кои ве прават подобра личност, а да ги оставите оние кои не го прават тоа. Еве неколку предупредувачки знаци дека сте во присуство на оние кои не ви посакуваат добро.

Тие наоѓаат време за вас само кога им одговара

Ова е очигледно, но секоја врска без редовна интеракција и комуникација ќе има проблеми особено кога има недостаток на посветеност.

Не трошете го вашето време со некој кој сака да ве види или слушне само кога му е погодно. Не треба да присилувате некого да ви направи место во животот, затоа што ако искрено се грижи за вас, со задоволство ќе ви направи место.

Тие имаат нешто против вас од вашето минато

Некои луѓе одбиваат да прифатат дека не сте она што некогаш сте биле – дека сте направиле грешки во минатото, сте научиле од нив и сте продолжиле понатаму. Можеби нема да можат да го прифатат фактот дека растете и продолжувате со вашиот живот и се обидувате да се прилепите на вашето минато за да бидете во чекор со вас.

Не им помагајте со тоа што ќе го признаете нивното негативно однесување. Продолжи напред.

Се чувствувате заробени

Здравите односи ги држат вратите и прозорците широко отворени. Има многу свеж воздух и никој не се чувствува заробен. Односите напредуваат во овој тип на нерестриктивна средина.

Тие постојано ги омаловажуваат вашите соништа и можности

Ако им дозволите на другите да ги дефинираат вашите соништа и можности, тогаш им дозволувате да ве задржат. Она што сте способни да го постигнете не е резултат на она што другите луѓе мислат дека е можно за вас. Што сте способни зависи од тоа што ќе одберете да правите со вашето време и енергија.

Ве излажале повеќе од еднаш

Љубовта е глагол, а не именка. Таа е активна во сите врски. Љубовта не е само чувство на страст и романса меѓу љубовниците, туку е и однесување меѓу пријателите и во семејството.

Ако некој лаже тогаш не ве почитува ниту вас ниту вашата врска. Оние кои ја избегнуваат вистината и ви го кажуваат само она што сакате да го слушнете, тоа го прават за лична, а не за ваша корист.

Тие ви ја пренесуваат својата негативност

Негативните луѓе во вашиот живот не се негативни само кон вас, туку и кон сите со кои доаѓаат во контакт. Она што го кажуваат и прават е проекција на нивните проблеми и несигурности.

Тие се премногу завидливи

Прекумерната завист нема да ви покаже колку некој ви се восхитува, туку ќе ви каже колку таквите личности не се сакаат себеси. Ако можете, обидете се да ги кренете, но внимавајте и да не ве влечат надолу

Ве мотивираат да судите и мразите

Ако ги осудувате другите, ќе го пропуштите сето она што тие навистина се. Неверојатен е квалитетот на луѓето што ќе ги сфатите и запознаете на овој свет, ако едноставно не го земете предвид фактот дека многу луѓе не се облекуваат и не живеат на вашиот начин.

Сакаат да бидете некој друг

Ако некој очекува од вас да бидете нешто што не сте, бегајте. Попаметно е да ја изгубите врската поради тоа што сте, отколку да ја задржите преправајќи се дека сте некој што не сте.