ВЕРИЖЕН СУДИР НА 40 АВТОМОБИЛИ – Снегот ги претвори патиштата во оваа земја во вистинско лизгалиште: 11 лица повредени во несреќата

Снегот во областa Свердловск во Руската Федерација ги претвори патиштата во вистинско лизгалиште!

Поради мразот на обиколницата во рускиот град Екатеринбург се судриле 40 автомобили. 

Според информациите на руските локални медиуми, возачите изгубиле контрола на лизгавиот коловоз.

Повредени се 11 лица, а здравствените власти соопштиле дека еден од повредените е во тешка состојба.