9 намирници кои ќе ве држат сити долго време: Онаа под број еден е изненадување за многумина

Нутриционистот Лук Хана на својот профил „TikTok“ редовно споделува совети како да се храните без да се здебелите, како и сите други корисни совети во врска со нутритивните вредности, исхраната и слични работи.

Така објави видео кое ќе им се допадне на многумина, а тоа е кои девет намирници можеме да ги јадеме без грижа на совест дека ќе се здебелиме, но и истите кои ќе не одржуваат сити подолго.

Ова е храната за која станува збор:

1. Компири

2. Бела риба

3. Пилешко

4. Житарици

5. Грчки јогурт

6. Овошје

7. Пуканки

8. Тестенини со цели зрна

9. Коренест зеленчук (брокула, карфиол, морков)

Многумина беа изненадени од изборот број еден, компирот, бидејќи се смета за јаглехидрат, па советот е што помалку да го внесувате во организмот или да го имате во ограничени количини. Секако дека е важно како се приготвуваат компирите и дали и колку масло е употребено во неговата подготовка.