9 септември е неработен ден за сите граѓани

Министерството за социјална политика, демографија и млади најавува дека следниот понеделник (9 септември) ќе биде неработен ден за сите граѓани.

Како што соопштија од министерството, во понеделник ќе се одбележи Денот на независноста на Републиката, а тоа е 8 септември (недела).

„Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр. 21/98 и 18/07), 9 септември (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради фактот што 8 септември – Денот на независноста на Републиката се паѓа во недела. Министерството за социјална политика, демографија и млади на сите граѓани им го посакува Денот на независноста“, велат од министерството.