93-годишен маж од БиХ скокнал со падобран во Будва и е тешко повреден: “Планирам да продолжам и во следните 10 години“

93-годишен маж паднал и тешко се повредил во Будва скокајќи со падобран, соопшти денес Службата за заштита и спасување на Будва. 

Dnevni Avaz пренесува дека се работи за Ибрахим Калешиќ од Тузла, кој се натпреварувал на меѓународниот падобран куп во Будва.

По падот, човекот бил пренесен во болница.

Ибрахим Калешиќ (93 г.) е инаку познат како „Витез од Тузла“, а активно се занимава со овој екстремен спорт од 1951 година.

Досега скокнал повеќе од 1.480 пати и планира да продолжи да скока во следните 10 години, пишува споменатиот весник.