Нова рампа за Украина! Уште една членка на ЕУ по Унгарија најави радикални потези: Ова би значело почеток на третата светска војна!?
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека ќе го блокира влезот на Украина во НАТО.
Фицо за ИнфоВојна изјави дека приемот на Украина во НАТО ќе значи почеток на третата светска војна.
– Нема да се согласиме за членство на Украина во НАТО бидејќи тоа ќе биде почеток на третата светска војна … Верувам дека тоа никогаш нема да се случи. Сè додека имам можност да влијаам на словачката политичка сцена, ќе го користам правото на вето на таквата одлука – изјави Фицо.
Словачкиот премиер смета и дека Украина, која неодамна доби статус на кандидат за влез во ЕУ, не е подготвена за членство и наведува дека ќе поминат години пред тоа да се случи.
– Немав проблем да направам таков преценет политички гест со цел политички да ја поддржам Украина. Уште пред парламентарните избори реков дека тоа што ЕУ сака да ја прифати Украина не е проблем за нас, но мора да ги исполни сите услови – рече Фицо.
Инаку, Унгарија веќе блокираше 50 милијарди евра помош од ЕУ за Украина , само неколку часа откако беше постигнат договор за почеток на преговорите за членство.
Премиерот Виктор Орбан рече дека Унгарија не ги спречила земјите членки на ЕУ да одлучат да започнат преговори со Украина бидејќи ќе имаат можност да го запрат процесот уште 75 пати.