Веќе се вршат исплатите на финансиските средства што граѓаните ги добиваат на секои 3 месеци од скенирањето на фискалните купони, односно од „мој ДДВ“.
Исплатата за периодот април-јуни се очекува да заврши до крајот на оваа недела.
Управата за јавни приходи изготвила платни налози за близу 450.000 граѓани.
Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела до целосно реализирање за граѓаните“, велат од УЈП.