Спасовски положи цвеќе на спомен обележјето во Мостар во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски (ФОТО)

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Мостар во Босна и Херцеговина, во име на Владата на Северна Македонија положи цвеќе на спомен обележјето на несреќата кај Ротимље, на државничка церемонија по повод навршувањето на 19 години од трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски и делегацијата којашто го придружуваше.

-Големите луѓе никогаш не умираат, тие живеат вечно во спомените на оние кои ги почитуваат вистинските вредности. Таков беше и поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој пред 19 години прерано и трагично го загуби животот.

Нека му е вечна слава на вториот претседател Борис Трајковски!, напиша Спасовски на Фејсбук.