Aдам Силвер за проширувањето на НБА: Природно организациите да растат со текот на времето

Комесарот на НБА, Адам Силвер, за време на говорот во Лас Вегас потврди дека лигата сериозно ќе размисли за проширување во следните неколку години.

Силвер истакна дека НБА нема да брза со додавање на нови тимови, бидејќи моменталниот приоритет е комплетирање на договорот со медиумските права, кој истекува по сезоната 24/25.

– Ќе се свртиме кон проширување откако ќе заврши договорот за медиумите. Ова сè уште не е решено прашање, но мислам дека е природно организациите да растат со текот на времето, рече комесарот на НБА.

Двата града кои Силвер ги спомна како потенцијални локации за нови клубови се Лас Вегас и Сиетл, поранешниот дом на Суперсоникс.

– Нема сомнеж дека Сиетл е од голем интерес. Тоа не е тајна, потенцира Силвер.

Во НБА-лигата настапуваат 30 екипи, поделени по 15 во две конференции (Западна и Источна).