Aктерка која многумина ја ОБОЖАВААТ сопругот ја фати во ПРЕВАРА со свекорот – Скандалот за кој сите зборуваат, еве како ЗАВРШИ
Ги затекнал голи како гледаат телевизија!
Турската актерка Гокче Бахадир (41) во која се заљубивме во серијата „Кога лисјата паѓаат“ има многу интересен љубовен живот кој го одбележа голем скандал за кој се зборуваше и пишуваше ширум светот. Имено, на почетокот на оваа година Гокче се омажи по втор пат, со музичарот Емир Ерсој, а по романтичната венчавка на виделина излегоа деталите од претходниот брак со актерот Али Сунал (45).
Али и Гокче си го кажаа судбоносното да во 2011 година , но љубовната идила траеше само една година, набрзо следеше развод.
– Се венчавме од голема љубов, но решивме да се разделиме бидејќи патиштата ни се разделија – изјавила актерката тогаш како причина за разделбата.
Иако долго време се шпекулираше за причината за нивното раскинување, извори блиски до Гокча искажаа шокантни тврдења во јавноста. Тие истакнаа дека бракот со Али се распаднал, бидејќи нејзиниот сопруг ја фатил во љубовен клинч со неговиот татко Кемал Сунал , кој во меѓувреме починал.
-Покојниот Кемал беше голем заводник. Тие двајца започнале афера само неколку дена откако тој станал нејзин свекор. Помеѓу нив долго време постоела фатална привлечност, а тоа не го спречило тоа што е 30 години постар од неа – открил тогаш извор близок на актерката.
Според турските медиуми, Али бил на пат кога неговата сопруга се забавувала со својот свекор. Се вратил дома два дена порано отколку што планирал, без претходно да и каже, бидејќи сакал да ја изненади. Но, го чекаше изненадување. Веќе на влезот во дворот го видел автомобилот на татко му, а кога влегол дома ги затекнал голи додека гледаат телевизија.
Но, Суналу сепак ја најде вистинската среќа покрај сопругата Назли Курбанзаде, со која е во хармоничен брак од 2018 година, а двојката ја доби и ќерката Нарин.