„Протестот е начин да се изрази незадоволство од нивото на платите на работниците во Македонија, кои се најниски во регионот, а да не зборуваме за поширокиот регион. CСМ ги повикува сите оние кои му мислат добро на работникот да ни се придружат на протестот утре“, изјави водечкиот синдикалец во земјата, Слободан Трендафилов, во врска со утрешниот протест на 1 мај организиран од Сојузот на синдикати на Македонија.
Трендафилов нагласи дека кога работодавачите и Владата ќе ги зголемат платите, работниците ќе можат да купуваат сендвичи, како и многу други работи за своите семејства.
„Сендвичи нема да се делат на утрешниот протест“, нагласи лидерот на ССМ.
Трендафилов жали што некои од другите синдикални здруженија предизвикуваат штета и рече дека „кога синдикалците ги поддржуваат владините политики, тоа секогаш е на штета на работниците“.